Конзолна апликација во C#
Туристичката агенција „World“ им нуди на своите клиенти патувања до следниве дестинации: Рим, Лондон, Токио, Софија, Истанбул, Торонто, Мајами, Загреб, Белград и Москва. Цената за една карта до одредена зависи од бројот на буквите во името на дестинацијата, помножено со 2000. Пример: карта до Рим би чинела 6000 денари (3 букви * 2000 денари = 6000 денари). Бидејќи цените на картите се многу поволни, оваа агенција е многу позната и секојдневно ја посетуваат голем број на клиенти. Па затоа агенцијата се преместила во друга, голема зграда. Во зградата постојат X (вие одредете колку) шалтери на кои може да се купи карта. Во секој шалтер има по еден вработен кој ги услужува клиентите кои ќе дојдат кај него. Но, одеднаш почнал да се намалува профитот на агенцијата. Сопственикот забележал дека бројот на клиенти од ден на ден се повеќе се зголемува, но многу малку пари добива на крајот од денот (кога секој вработен го предава профитот од неговиот шалтер). Тогаш на сопственикот му текнало дека неговите вработени не работат чесно. Ваша задача е да направите софтвер, со кој ќе му помогнете на газдата. Сценариото е: клиент доаѓа на шалтерот Y, со желба да патува до одредена дестинација. Вработениот проверува дали вршат превоз до таа дестинација. Ако да, тогаш го услужува клиентот т.е. му продава карта (со одредена цена). Газдата во секое време може да ги провери картите или заработката на било кој од шалтерите. Направете мени со следниве опции:
- Услужи го клиентот (внеси име, презиме, години и пожелна дестинација за клиентот; и број на шалтер)
- Продадени карти на шалтерот (внеси број на шалтер)
- Вкупен промет на шалтерот (внеси број на шалтер)
- Сите продадени карти на агенцијата, организирани по шалтер
- Вкупен промет на агенцијата
- Успешност на агенцијата (однос на: бројот на услужени клиенти од сите шалтери и бројот на сите кленти кои дошле во агенцијата)
- Излез